| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Мора да има избори на 5ти јуни, недозволиво е Заев да не држи во заложништво

Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанската опција за Македонија ги оцени како небулозни и нелогични најновите барања на претседателот на СДСМ Зоран Заев и побара од лидерите на останатите три големи партии да не подлегнуваат на тие барања, оти вели, судбината на граѓаните на Република Македонија се наоѓала токму во нивни раце.

grom

– Денеска сме сведоци на нови неболузи од господинот Зоран Заев и СДСМ кои веројатно можеме да ги сместиме во рубриката „Верувале или не“. Овој пат, тој им поставува услови на целата Меѓународна заедница и на комплетниот политички естаблишмент во Република Македонија. Тоа што тој поставува нови барања, нас воопшто не нѐ чуди, како и тоа што ваквите работи ги толерира дел од меѓународната заедница како и одредени амбасадори, но, во ниеден случај не можеме да разбереме како и натаму го толерираат останатите потписници на Пржинскиот договор, рече Јакимовски.

Во однос на моменталната политичка состојба во државата тој рече дека мора да има избори на 5. јуни.

– ГРОМ смета дека повеќе ниту милиметар, не смее да му се попушти на Зоран Заев. Сметаме дека треба да одиме на избори на 5-ти јуни, и ако тој не е подготвен да оди на овие избори, како што вели тој, ако не му е чист избирачкиот список, да оди и да го праша Чичаковски, зошто тој не го исчистил списокот. Ако медиумите му се нерегулирани, тогаш нека си го прочита Изборниот закон, таму се до детал регулирани медиумите. И конечно ако не е подготвен да настапи на избори, ништо страшно, не е крај на светот. Тоа значи дека тој и неговата партија треба да се подготвуваат за нови избори. Но, натаму да ја држи во заложништво Репувблика Македонија – тоа е аполутно недозволиво, вели лидерот на ГРОМ Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top