— META.mk (@meta_agency) April 16, 2016
СДСМ и Зоран Заев, заедно со платениците на СОРОС, ја заменија тактиката во предизборието, и наместо на средби со граѓани, и прејдоа во демонстрација на сила и црна кампања. Тоа е и единственото што го знаат во недостаток на идеи и конструктивност.
Но, тоа што е интересно е што дури и за тоа нема искреност, туку единствената цел е да се изработи планот , односно , како што покажуваат фактите, да се изработат парите кои се земени за создавање на хаос , нереди и безредија.
Обуките на Канвас беа токму кон тоа насочени. Да се дадат насоки за креирање на хаос, како да се постапува кон полициските кордони, да се провоцира, па и да се внимава што се користи за да се избегне законот. Дури и при уништувањето на Народната канцеларија на Претседателот на државата, неколку препознатливи ликови посочуваа да се внимава пред полицијата при кршењето, или дека столица „е оружје“.
Токму таквите сцени треба да се „продадат“ во западните медиуми заедно со оние за „цивилизиран“ приод кон полициските кордони, на пример со делење на цвеќиња. Денеска пред Порта Македонија, особено по неколкуте информации за тоа колку е значаен овој објект за народот, се повтори сквернавењето, но и се предизвика намерен инцидент за да се добие спектакуларност. Не случајно до инцидентот во прв ред беше Горјан Тозија, филмски продуцент, познат како советник за култура во СДСМ.
— META.mk (@meta_agency) April 16, 2016
Но, ваквите инциденти треба да предизвикаат и чувство за масовност што никако не можат да ја постигнат со својата црна пропаганда. И Македонија и Скопје не прифаѓаат насилството и деструкцијата која ја наметнуваат платениците на СОРОС. Токму затоа и граѓаните беа цел на погрдни зборови и навреди затоа што не се придружиле во деструкцијата.
Тоа пак што дополнително ги револтира граѓаните по јавно искажаната идеја за предизвикување на украинското сценарио кое го посакува Заев, е дека ГДОМ престана со собири, па сега целиот град е жртва на околу 1500 платеници на СОРОС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


