| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца полицајци во болница по нападот од хулиганите на Заев и СОРОС

Двајца полицајци се повредени на протестите кои ги организираат невладините организации, потврдуваат од градска болница.

bakli

Демонстрантите кои вечерва протестираа пред Собранието на Република Македонија се обидоа протестот да го продолжат пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ и пред полициската станица „Центар“.

Тие се упатија по улицата „Димитрие Чупоски“, но кордон полицајци им го блокира патот и не им дозволи пристап до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа се упатија по улицата „Даме Груев“ кон полициската станица „Центар“ каде се приведени 13. лица што улчествуваа во вчерашните протести. Во моментов ситуацијата е смирена, но тензична.

Пред Собранието побараа оставка од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, итно ослободување и отфрлање на обвиниенијата против сите приведени од вчерашните протести, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top