| четврток, 6 декември 2018 |

И дијагностицирале рак – решила да ги посети седумте светски чуда (видео)

Дванаесет земји, 15 лета, повеќе од 28 илјади минати километри, пет ноќевања, седум светски чуда и 13 дена пат – таа изгледал патот на Американката Меган Саливен.

Megan Sullivan at Chichen Itza in Mexico.

Megan Sullivan at Chichen Itza in Mexico.

Оваа млада жена паднала од височина од 50 метри во Националниот парк во Калифорнија, ја удрил автомобил, а потоа и бил дијагностициран рак на кожата и сето тоа во еден месец.

Две недели подоцна решила сама да ги посети седумте светски чуда за само 13 дена. Искуството и пружило нов поглед на свет. По падот од 50 метри во Националниот парк во Калифорнија почнала да си поставува прашања – зошто се става себеси во такви тешки ситуации? Што се обидува да си докаже себе и на светот?

Истакнува дека најзначајните моменти на животната школа и се случиле во време на трагедијата и губитокот. Од губитокот се раѓаат радикални промени, а тогаш се отвора простор и желба за нешто ново.

– Секогаш си велев дека немам доволно време или пари, и тогаш видов дека тој начин на живот на функционира. Морав да престанам да мислам дека моите цели се невозможни и конечно сфатив дека имам моќ да одлучам како да живеам – изјави Меган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top