Утре (вторник, 12.4.2016 година) во 12 часот на штандот на Издавачката куќа Феникс наМеѓународниот саем на книгата во Скопје, ќе се одржи свеченост на која ќе бидат врачени меѓународните награди Ана Франк и Златен прстен.
Наградата Ана Франк ќе ја прими проф.д-р Сунчица Дениќ, декан на Педагошкиот факултет од Врање(Србија). А, наградата Златен прстен ќе му биде врачена на познатиот македонски поет, критичар иесеист Санде Стојчевски.
Исто така, на средбата ќе биде претставен и истакнатиот српски поет Мирослав Михаиловиќ,основач и координатор на манифестацијата Борина недела во Врање.
Промоцијата ќе биде заокружена со претставување и на најновата поетска книга Гулаб и ноќ одХристо Петрески, во издание на Издавачката куќа Феникс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Голем саем на книгата во „Феникс“