
На преполниот „Сан Сиро“ во Милано вечерва, во рамки на 32. коло во италијанската Серија А, се одигра дербито меѓу Милан и Јувентус.
„Росоњерите“ одлично го стартуваа натпреварот. Се заканија кон противничкиот гол неколку пати, Абате шутираше во статива, а Балотели одлично изведе еден слободен удар, но за нивна несреќа на другата страна е најдобриот голман на светот.
Сепак, Буфон беше совладан во 18. минута, кога по еден изведен корнер Алекс се снајде најдобро и ја „закова“ топката во мрежата за огромно одушевување на трибините.
Дури тогаш Јувентус почна да игра подобро. Задоволството кај домашната публика не траеше долго. По една одлична акција, во 27. минута Манџукич лесно го матираше Донарума за израмнување на резултатот.
Во второто полувреме Милан повторно напаѓаше, имаше неколку одлични шанси за гол, но Буфон беше на висина на задачата и не дозволи по втор пат да ја вади топката од сопствената мрежа.
Казната стигна во 65. минута, повторно по прекин од корнер, овој пат кај гостинската екипа, Погба добро се снајде покрај Абате и шутираше прецизно за целосен пресврт и конечни 1-2.
Јувентус со оваа победа има +9 бодови на лидерската позиција, а во најлош случај ќе има +6, ако утре второпласираниот Наполи ја победи Верона, на шест кола до крајот на сезоната. Распоредот на „старата дама“ е полесен од тој на Наполи, и се повеќе е веројатно дека петта година по ред титулата ќе остане во Торино.
Резултати:
Фросиноне – Интер 0-1
Киево – Карпи 1-0
Сасуоло – Џенова 0-1
Милан – Јувентус 1-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


