| четврток, 6 декември 2018 |

В недела во Штип се игра вториот пролетен турнир од Вардар Јуниор лигата

По успешниот старт на пролетната полусезона, претстојниов викенд продолжуват возбудувањата во Вардар Јуниор лигата.

За разлика од премиерниот пролетен турнир кој се одржа во Скопје и на кој учествуваа сите регионални единици, в недела ќе се играат натпреварите единствено од источниот регион, а домаќин ќе биде тимот на Мал Ајакс – Вардар, од Штип.

Во градот под Исарот, исто така ќе настапат и екипите на ФК Вардар, Слога 1934 – Вардар од Виница, Борец Јуниор – Вардар од Велес и Рудар Јуниор – Вардар од Пробиштип, со генeрациите на момчиња родени од 2003 до 2006 година.

vardar junior fudbal 1

Според утврдениот натпреварувачки распоред, во периодот помеѓу 12:15 и 14:30 часот предвидено е да бидат одиграни девет средби, на кои младите фудбалски таленти ќе имаат нови можности уште да го покажат нивниот раскошен фудбалски потенцијал.

Од 12:15 часот, први ќе настап екипите на Слога Виница и Борец од Велес во највозрасната конкуренција (генерација 2003), а истовремено ќе започне и мечот помеѓу домашниот Мал Ајакс и нашите пулени од ФК Вардар, во најмладата возрасна категорија (генерација 2006). Турнирот ќе биде заокружен со дуелите помеѓу дечињата родени во 2004 година, кои ќе стартуваат по 13 часот.

vardar junior fudbal

Во продолжение може да го погледнете целосниот редослен на натпреварите:

Генерација 2003:

12:15 Слога 1934, Виница – Борец, Јуниор, Велес
12:35 Мал Ајакс, Штип – Слога 1934, Виница
12:55 Мал Ајакс Штип – Борец Јуниор, Велес
Генерација 2004:

13:20 ФК Вардар – Рудар Јуниор, Пробиштип
13:40 Мал Ајакс, Штип – ФК Вардар
14:00 Мал Ајакс, Штип – Рудар Јуниор, Пробиштип
Генерација 2006:

12:15 Мал Ајакс, Штип – ФК Вардар
12:35: Мал Ајакс, Штип – Рудар Јуниор, Пробиштип
12:55 ФК Вардар – Рудар Јуниор, Пробиштип

vardar junior fudbal 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top