Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на потпишувањето на договорот за концесија на рудниците Злетово и Тораница.
Според договорот, бугарската компанија „Минстрој“ во најкус можен рок ќе ги рестартира рудниците и ќе обезбеди работа за рударите. Меѓународната компанија „Минстрој“ понуди највисока сума на електронската лицитација од околу 2 милиони евра за двете концесии и планира инвестиција од 10 милиони евра и сигурна работа на 1000 рудари, односно егзистенција на 1000 семејства од овој крај на државата. Концесионерот, меѓу другото, се обврзал и да обезбеди повисоки плати за рударите.
Сопственикот на Минстрој, Николај Валканов, истакна дека имаат долгорочни планови и се можни нови вработувања.
Во мај ќе започне со работа и ќе ја имаме првата руда. Имам претстава што треба да се направи, каква техника и каква опрема треба да се купи и повторувам дека ќе направам 10 милиони евра инвестиција во двата рудника, рече Валканов.
Денес се остварува она што го ветивме. Добра вест за рударите од Пробиштип, Злетово, Крива Паланка и околните населени места, се потпиша договор за концесија за рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница. Компанијата Минстрој во најкус можен рок, што и беше наша примарна задача ќе ги рестартира рудниците и ќе обезбеди работа за рударите. Оваа компанија која работи и во интернационални рамки понуди највисока сума на електронската лицитација од околу 2 милиони евра за двете концесии. Тие планираат инвестиција од 10 милиони евра и најважното сигурна работа на 1000 рудари, односно егзистенција на 1000 семејства од овој крај на државата. Посветеноста се исплатува. Таа напорна работа ќе донесе сигурност и егзистенција на 1000-те семејства. Продолжуваме понатаму да ги решаваме проблемите на граѓаните и да работиме за нивна корист, напиша претседателот на владејачката партија на својата страница на Фејсбук препосредно по потпишувањето на договорот.
Настанот се одржа во Клуб на пратеници, а присуствуваа и претседателот на Владата на Република Македонија задложен за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев и вицепремиерот Владимир Пешевски.
Премиерот задолжен за спроведување на изборите подвлече дека со ова и официјално се прави чекор кон конечно рестартирање на овие два исклучително значајни рудници во Македонија.
Денешниот чин е многу важен за нас како влада, но уште поважен за жителите од Крива Паланка, Пробиштип и околните населени места. Овој чин е од голема важност, затоа што кончено решаваме голем проблем што го имавме со претходниот концесионер, кој со својата работа ги однесе двата рудника во стечај. За граѓаните е важно тоа што новиот инвеститор веќе најави дека ќе ги врати на работа сите вработени во двата рудника, подвлече Димитриев.
Димитриев му се заблагодари и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за силната поддршка во реализацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски