Од 6 април, во рамките на „Културните приказни“ на Делегација на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе почне да се одвива и „Про-книжи го умот“, паралелно со „Европски современи композитори“.
„Про-книжи го умот“ (Booking your mind) е платформа за креативен дијалог низ култни европски автори и дела.
Правта дебата е закажана на 6 април, среда, во ЕУ Инфо центарот во Скопје со почеток во 20:00 часот, а во чест на авторот Ерих Фром и неговото култно дело „Да се има или да се биде“. Темата е „Антиконсумеризмот во ера на продавање брендови и души“. Панелсти се писателот Гоце Смилевски и писателот и професор Владимир Мартиновски. Авторка на концептот и модераторка на трибините е Ана Јовковска.
– Се работи за платформа за креативен дијалог низ култни европски автори и дела, а проектот има за цел низ интерактивни модели на културна продукција, трибини и дебати да одбележи неколку јубилеи и годишници во 2016 година на европски дела и автори како Ерих Фром, Валтер Бенјамин, Џорџ Орвел, Олдоус Хаксли, Мишел Фуко, Жак Лакан и други. Трибините ќе бидат од отворен карактер и ќе се случуваат во различни градови како Скопје, Битола, Тетово, Велес и други. Панелисти ќе бидат истакнати уметници, писатели, професори, филмски и театарски режисери, литературни критичари и други – вели Јовковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.