| четврток, 6 декември 2018 |

Дујшебаев: Нема калкулации, и со Веспрем одиме на победа

Алекс Дујшебаев беше најзаслужен за големиот триумф над Загреб, но шпанскиот репрезентативец е свесен дека најголемиот предизвик за „црвено-црните“ ќе следи в недела со почеток од 19 часот, на големото финале против бранителот на трофејот Веспрем.

– Знаевме дека Загреб ќе игра како да е дома, тие се добар тим, млад тим, еден од најтешките ривали што ги имаме во СЕХА-лигата и затоа чувството по оваа победа е фантастично. Тешко е да се игра во ваква атмосфера, но стигнавме до многу значаен триумф. Пред нас е Веспрем, унгарскиот состав важи за еден од најдобрите клубови во Европа, тим што секогаш оди на трофеј, но ние ќе мораме да играме исто како и против Загреб, да се бориме од срце за победа – изјави Алекс Душебајев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top