| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија следна цел на терористите?

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) се закани со напад на Европа, а Унгарија ја наведе како можна мета, изјави денеска главниот советник на унгарскиот премиер, Ѓорѓи Баконди.

Тој на прес-конференција истакна дека Владата сериозно ќе ја разгледа оваа информација.

Според Баконди, унгарскиот министер за внатрешни работи за в петок свикал средба за прашања во врска со антитерористичкиот акционен план на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top