Ако во Европа сакате да купите возило кое носи ознака 5 ѕвездички за сигурност, морате да го купите она кое поседува систем на автоматско кочење во случај на итност (AEB).
Тој систем обично вклучува сензори, радари, ласери и камери со чија помош вградениот компјутер открива ако постои опасност од судар со други возила, по што автоматски кочи доколку возачот реагира премногу бавно.
Деновиве 20-те најголеми произведувачи на автомобили во САД потпишаа договор со американската владина агенција NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration), како и со организацијата IIHS (Insurance Institute for Highway Safety), во врска со задолжителните AEB нови возила.
Иако многу произведувачи како Волво, Хонда, Форд и Тојота во своите возила веќе вградуваат такви системи според потпишаниот договор, сега ќе имаат обврска спрема нив да ги опремат сите автомобили кои се полесни од 3.855 кг, што ги вклучува и пик-апите и помалите камиони.
NHTSA верува дека овој договор значително ќе го забрза носењето на глобални сообраќајни прописи за воведување на AEB, и смета дека во наредните три години ќе спречи околу 28.000 судари и 12.000 повреди само на територијата на САД.
За сега не е познато дали оваа законска регулатива ќе се прошири за краток период низ целиот свет, но се очекува дека произведувачите на автомобили ќе го вградам AEB во сите возила, без разлика за кој пазар се наменети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.