Светската музичка сензација Ави Авитал од Израел, утревечер ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Алхемија“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во 20 часот.
Под палката на еден од најдобрите европски диригенти Михал Нестерович од Полска, „Греми“ номинираниот виртуоз Авитал ќе изведе два концерти за мандолина и оркестар од Јохан Хумел и Антонио Вивалди.
По концертот, за љубителите на музиката Авитал ќе ги потпишува своите ЦД-а.
Овој исклучителен уметник во 2012 година потпиша ексклузивен договор со „Дојче грамофон“. Неговиот деби-албум содржи транскрипции на концертите од Бах за чембало и виолина, аранжирани за мандолина и оркестар, додека неговото ЦД од 2014 насловено „Помеѓу световите“ со дела од Дворжак, Блох, Вила-Лобос, Пјацола, го носи на турнеја низ Европа. Изданието од оваа година, пак, ги носи звуците на Венеција со популарните концерти на Вивалди и Барокниот оркестар на Венеција.
Изведбите на Ави Авитал според „Њујорк тајмс“ се „исклучително чувствителни и прекрасни“. Критиката ќе каже дека тој е своевидна сензација, и е едногласна дека е вистински виртуоз кој свири со огромна посветеност.
На концертот насловен „Алхемија“, под палката на маестро Нестерович, Македонската филхармонија ќе ги изведе и „Три танци во стар стил“ од еден од најдобрите полски современи композитори Хенрик Горецки, како и грандиозната Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст