| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас

gruevski 1Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува е реално и остварливо, она што нашите политички опоненти го говорат се најчесто празни зборови и многу често нереални ветувања, затоа не може да им се верува. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата меѓу нас и нив, а тоа е трудот, посветеноста и работата, држењето до дадениот збор. Нас не разликуваат од нашите политички противници. Особено во едни многу сложени околности, какви што имавме кога правеа се за да не дефокусираат, оцрнат, оддалечат од она за што сме избрани од Вас граѓаните на фер, демократски и легитимни избори. Ние не застанавме, продолживме да работиме на создавање на дела, мерки и проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во Република Македонија. Затоа, знаејќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политички период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламентарни избори, ќе продолжиме да работиме посветено на создавање проекти, мерки и дела што ќе го подобрат животот на сите во нашата држава, рече Груевски.

Лидерот на владејачката партија вели дека на македонскиот народ му е многу лесно да направи разлика меѓу двете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top