| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ добил уверување за европски датум

dacicПремиерот на Србија, Ивица Дачиќ, добил уверување од Кетрин Ештон дека Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за приклучување во  Европска унија. Српскиот весник „Блиц“ пренесува негова изјава во која вели: „Разговарав со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон дали Србија ќе добие датум. Одговорот беше потврден. Ештон одговори дека датумот се подразбира“, додава Дачиќ. Тој смета дека датумот не е награда за договорот меѓу Белград и Приштина, но и дека со постигнатиот договор Србија не ја признава независноста на Косово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top