| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце за два гола посилен од Металург

Metalurg-vs-kielceВо салата „Борис Трајковски“ во Скопје полскиот Кјелце го победи Металург со 27:25 во првото четврт-финале во Лигата на шампионите. Металург и Кјелце имаа рамноправна борба, Металург  во првото полувреме трипати водеше со три гола, но Кјелце се врати резултатски за полувремето да заврши 13:13. Второто полувреме гостите од Полска го почнаа со нивна предност, а како минуваше времето, ракометарите на Металург имаа неколку грешки што ги искористи Кјелце, што на половина од полувремето направи четири гола разлика, 21:17. Металург, без повредениот Дарко Станиќ,  ја намали разликата но не направи пресврт, а мечот заврши со два гола предност за гостите 27:25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top