Некогаш заради нашите внатрешни импулси сме груби, нетрпеливи и избувливи, но како да побараме прошка кога знаеме дека сме згрешиле? Ѕвездите ви кажуваат како да го натерате да ви прости секој од хороскопските знаци.
Овенот не сака многу заобиколување, зашто и самиот е директен. Побарајте прошка, признајте дека сте згрешиле и ветете дека нема да ја повторите грешката, но држете се до ветувањето. Не чекајте погоден момент за да се извините, зашто Овенот веднаш ќе си бара друг партнер. Можеби ќе треба извинувањето да биде и јавно, ако сте му го повредиле егото.
Ако сте се скарале со Бикот, како најтврдоглав во зодијакот, треба да признаете дека тој имал право, зашто додека не го направите тоа, нема да се разговара со него. Треба да направите и план за идните конфликти да ги решавате на конструктивен, здрав начин, за да ги ублажите стравовите на вашиот партнер кој сака сигурност.
На Близнаците испратете им смешна порака со извинување, зашто со хумор ќе го скршите нивниот мраз. Овој знак сака брза, одлучна акција и нема да чека покрај телефонот за да се јавите. Ако сакате да ги поправите работите, морате да комуницирате, инаку Близнаците ќе почувствуваат дека не кажувате се.
За да се смирите со Ракот треба да бидете трпеливи, деликатни и тактични. Тој лесно се навредува, но ако му кажете дека не можете да живеете без него, ќе ви прости. Ако се уште се лути и по извинувањето, згответе му некој домашен оброк и грижете се за него, посветете му повеќе време и внимателно ислушајте го.
Кај Лавот решение е ласкањето. Извинете се понизно и изјавете дека не ја заслужувате неговата љубов. Можете и да му подарите чоколада или цвеќиња, нема да згрешите. Лавовите обожаваат добро испланирани романтични излегувања, кога се гледа дека сте се потрудиле и дотерале за да ја заслужите нивната љубов. Тогаш сигурно ќе ве примат повторно во нивниот живот.
Внимавајте како се изразувате, зашто Девицата не поднесува пцовки и клетви. Бидете точни и средете си го домот. Кога знаете што точно треба да направите, ќе го омекнете отпорот на Девицата. Ако сакате да и подарите нешто, одберете добра книга. Девицата не сака емотивни повици, таа повеќе сака да се справува со проблемите на логички фронт.
Интересирајте се повеќе за активностите на Вагата. Подобрете ги вештините за разговор, почесто давајте и комплименти. На сите припадници на овој знак им треба постојана вербално и физичко уверување. Понудете и фомрално напишано или искажано извинување. Вагата сака да знае дека сте сериозни. Направете поголем напор за сочувување на романсата во вашата врска.
Направете драматичен гест за да и ја покажете својата предаденост наСкорпијата. За неа зборовите не се битни, само позитивно дело ќе ве врати во нејзина милост. Не е битно дали се работи за откажување од лоша навика или барање помош за сериозен проблем, или прекинување на врските кои ја поткопале вашиот однос. Најважно за Скорпијата е да ги задоволите нејзините интереси. Секогаш сфаќајте ги сериозно нејзините поплаки.
На Стрелецот дајте му топла, емотивна понуда за мир. Тој сака миленичиња, па можеби нема да може да одолее на слатко кутре или маче. Бидете со полиберални сфаќања, зашто тој не ги почитува општествените норми и правила. Спријателете се со неговите другари, зашто за овој знак поважни се друштвените односи од романтичните.
Со Јарецот бидете искрени и отворени, зашто тој може оддалеку да препознае лага. Ако сте зафркнале работа, признајте го тоа и направете план да се подобрите. Празните ветувања нема да ви помогнат кај овој знак. На Јарецот му е многу важна материјалната безбедност, па ако отворите штедна книшка, тоа можеби ќе му ја покаже вашата подготвеност заедно да градите стабилна иднина. Никогаш не задевајте го Јарецот, особено ако се обидувате да се смирите. Овој знак не сака да си игра играчки!
Водолијата поканете ја на кафе за да разговарате за вашите проблеми, таа едноставно не може да одолее на слободна размена на идеи. Потрудете се да ги задржите емоциите со овој знак, зашто ќе останете сами. Не кријте ништо од Водолијата, зашто вашата врска ќе стагнира. Бидете отворени за авантури и одвреме навреме земете ги предвид предлозите на Водолијата.
Фрлете се во милоста на овој сочувствителен знак. Рибите не можат да поднесат некој да страда. Бидете помалку посесивни и не барајте премногу. Рибите не поднесуваат врска која личи на затвор. Прифатете го фактот дека тие се многу чувствителни, па ветете дека ќе бидете понежни. Изразувајте им љубов секој ден, не само во специјални прилики.
Извор: ДИВА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.