Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека победата над Манчестер јунајтед е подарок за навивачите на клубот. „Црвените“ славеа со 2-0 во првата средба од осминафиналето во Лигата на Европа, расчистувајќи си го патот, во голема мера, кон четвртфиналето.
– Да бидам искрен, не беше лошо. Бевме добри од првата секунда, а жалам само затоа што можевме да постигнеме уште голови. Пред мечот да ми понудеа 2-0 ќе прифатев без размислување, но сега знам дека можевме и поубедливо. Но, не е готово. Одиме во Манчестер – изјави Клоп по натпреварот.
– Атмосферата беше одлична. Среќен сум за сите кои имаа тешки моменти поради нас оваа сезона. Мора да им се заблагодарам на нашите навивачи за феноменалната атмосфера. Тоа е Ливерпул кој го знаев пред да дојдам тука – додаде германскиот тренер на клупата на Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.