| четврток, 6 декември 2018 |

Прогноза за викендот: Во сабота подобрување на времето, в недела пак дожд

Значително подобрување на времето не очекуваме ниту за викенд. Но, ако веќе треба да бираме „подобро“ време меѓу сабота и недела, изборот „паѓа“ на сабота. Ама доколку сепак барате особено „добро“ време, ниту сабота нема да ги задоволи Вашите вкусови. Првиот ден од викендот ќе биде претежно облачен претпладне во северната половина од земјата, а облачен во јужната. До пладне можни се врнежи во делови од крајниот југ на земјава. Доцна попладне ќе започне изразено циклонско влијание, што ќе резултира со врнежи низ целата земја кои ќе се интензивираат навечер. На планините, на висина над 1.500 метри врнежите ќе бидат од снег.

Во ноќта кон недела низ целата земја се очекуваат врнежи, локално поизразени, а снежната граница ќе се спушти до околу 1300 метри во планинскиот дел од западот.

В недела претпладнето ќе биде поврнежливиот дел од денот. Попладне врнежите постепено ќе се повлекуваат кон север и веќе во вечерните часови се очекува несекаде да престанат.

Двата дена ќе имаат утра во кои температурата низ поголемите населени места ќе остане над нулата. Негативна вредност на минималната температура се очекува само на повисоките, планински места.
Дневниот температрен максимум ќе има слични вредности во двата дена. Истиот ќе има вредности меѓу девет степени и 12 степени низ котлините во западниот и северниот регион, а на југоисток 14.
Извор: www.meteopro.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top