Хиларија Болдвин (32), сопруга на актерот Алек Болдвин и јога инструкторка, трет пат е бремена. Веста за бременоста ја објави со нивна заедничка фотографија, снимена на улиците на Менхетен.
-Ајреленд, Кармен, Рафале, Алек и јас сме толку возбудени што можеме да ви откриеме дека нашето семејство ќе се зголеми. Момчето ќе стигне оваа есен- обелодени Хиларија на Твитер.
Откако Хиларија и Алек се венчаа во јули 2012 година, штркот постојано го посетува нивниот дом. Нивното прво дете се роди пред две години, а пред девет месецина на свет дојде и Рафаел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.