| четврток, 6 декември 2018 |

Му украле 6.000 евра скриени во буре со пченка, но старецот сам ги открил арамиите

75 годишен жител на беровското село Митрашинци сметал дека бурето со пченка е посигурно место за чување пари отколку банките, но арамиите ги „намирисале“ парите и го оставиле без денар.

Глигор К. Вчера пријавил во беровската полиција дека од амбарот за жито кој се наоѓал во непосредна близина на колибата во која живеел му биле украдени 6.000 евра. Парите биле скриени во метално буре полно со пченка. Покрај парите, му биле украдени и рачен часовник и осум девизни штедни кништи. Сепак, старецот точно знаел во кого да го впери прстот кога пријавил во полицијата.

По претресот во домот на 34 годишниот В.П. од соседното Владимирово биле пронајдени дел од парите, но не и книшките и часовникот. Тој и неговата мајка го признале делото и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top