| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Идомени, бара грчки гувернер

idomeni kampРегионалниот гувернер на северниот регион во Грција, Апостолос Цицикостас побара Владата во Атина да прогласи вонредна состојба во реонот на Идомени, каде грчките власти натрупаа илјадници мигранти со цел да ги пренесат на македонска територија.

Според Цицикостас во Идомени се заглавени меѓу 13 000 и 14 000 луѓе и ситуацијата, како што тврди, се претворила во голема хуманитарна криза. Тој ја повика ЕУ “да наметне строги мерки против државите кои ги затвораат границите” без разлика дали се членки или кандидати за членство во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top