По повод верскиот празник „Задушница“ денеска во перидот од 6:00 часот, па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.
На градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“ во продолжение по локалниот пат за село Мирковци и лево по улица „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата. Додека пак излегувањето ќе се одвива десно по ул „Боца Иванова“ кон улица „Александар Урдаревски“.
Сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде непосредно регулиран со присуство на сообраќајна полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст