| четврток, 6 декември 2018 |

Овој сок го регенерира целиот организам, а се прави за само 2 минути

Веќе со децении наназад сокот од цвекло и морков им се препорачува на сите оние коишто одат на хемотерапија бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лечење на карциномите. И иако сите велат дека има одвратен вкус, никој сепак не престанал да го пие бидејќи резултатите се фантастични.

cveklo_post

Токму затоа овој сок не е наменет само за оние коишто имаат здравствени проблеми.

Ако се чувствувате истоштено, заморено, едноставно немате енергија и сте депресивни, можеби токму овој, на прв поглед не толку привлечен микс, е токму она што ви е неопходно. A подготовката е и повеќе од едноставна.

Состојки:

  • 1 кг цвекло
  • 1 лимон
  • 1/2 кг моркови
  • 3 портокали
  • 3 јаболки
  • 1 килограм мед

Подготовка:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвена боја, којшто потоа може да го распределите во шишиња или тегли, а совршено би било тоа да не бидат пластични садови. Смесата би требало да ја чувате во фрижидер, а најдобри резултати може да постигнете ако сокот го консумирате наутро, на празен желудник и тоа доволно е само половина чаша.

А ако го пиете овој сок секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред сè кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top