Светскиот шампион во формула 1 од 2007, Кими Раиконен, ја имаше честа за првпат во јавноста да го провози болидот на Ферари на кој е претставен новиот „Хало“ систем за заштита на главата на возачот. На последните тестирања на Барселона на патеката Каталуња, тимот од Маранело го криеше болидот во својата гаража, а очигледно и со добра цел. Импресиите на Раиконен, кој извозе два круга со затворениот кокпит во Барселона, ќе бидат клучни за понатамошниот развој на „Хало“.
Новиот систем засега е само прототип кој Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се надева дека ќе им биде достапен на сите тимови од 2017 година.
Гледачите на формула 1 досега биле сведоци на голем број несреќи кои завршиле и фатално по возачите токму поради незаштитениот кокпит на болидите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.