| четврток, 6 декември 2018 |

Му се расипа микрофонот, жирито се досадуваше, а тогаш почна соблекување и жените не прекинуваа да врескаат!(видео)

Кога ќе се земе во предвид кој се помина низ оваа сезона на британското издание на емисијата “Јас имам талент“ јасно е дека не е лесно да се привлече вниманието на гледачите и жирито, но тоа им успеа на симпатичниот Луис и неговите пријатели од групата “Forbidden Nights” кој направија вистинска лудница во студиото.

На почетокот Луис излегол на сцената и почна да пее…по неколку секунди му се расипа микрофонот. Додека Сајмон Кауел и останатите судии се проѕеваа од досада, на бината се појавија техничари кои се обидуваа да го отстранат дефектот. Каков маркетинг!

Лажните мајстори се построиле со Луис и почнале да танцуваат, а потоа почнале да ја соблекуваат облеката што жените во публиката ги доведе до лудило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top