| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел и Оланд ќе се координираат пред самитот на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел в петок ќе замине во еднодневна посета на Франција каде што ќе се сретне со својот француски колега Франсоа Оланд.

На средбата ќе се договараат позициите на двете земји пред средбата на лидерите на членките на Европската унија закажана за 7 март во Брисел, потврди вчера вечер владата во Берлин.

– Канцеларката планира да ја усогласи позицијата на Германија со позицијата на претседателот на Франција пред средбата во Брисел, изјави Штефан Зајберт, портпарол на германската влада.

На самитот во Брисел в понеделник ќе се зборува за односите ЕУ -Турција во врска со бегалската криза и улогата на Турција како прва дестинација на бегалците кон Европа. На самитот се очекува да учсетвува и турскиот премиер Ахмед Давутоглу кој шт не беше дел од последната средба на лидерите на ЕУ поради терористичките напади во неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top