Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 15,20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта. Се судриле патничко моторно возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл „Сузуки“ управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17,20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.