Балканската фолк дива Светлана Ражнатовиќ-Цеца, финансиски го помогна матурантот Џорџе Петковиќ да учествува на географска олимпијада во Кина.
Имено младиот Џорџе од српскиот град Мал Зворник, има голем талент за географија и има остварено низа успеси на најразлични натпреварувања. Со одличните резултати на натпреварувањата од понизок ранг тој успеа да се пласира на Светската географска олимпијада, која овој август ќе се одржи во Кина. Поради лошата финансиска состојба на Џорџе, тој не беше во можност да обезбеди уште 1200 евра за трошоци околу натпреварувањето. После објавувањето на неговата приказна во српските медиуми, српската фолк дива Цеца, одлучи да му помогне на талентираниот Џорџе да учествува на олимпијадата покривајќи ги сите трошоци.
„Оваа приказна многу ме растажи, затоа што млада личност се бори да ја претставува нашата земја во светот, а притоа мора да работи како би заработил доволно пари да учествува. Чувствата ме обзедоа па веднаш се јави во редакцијата и им кажав дека јас ќе му помогнам.“ – изјави пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.