Досега во безброј наврати сме биле сведоци како поранешни големи фудбалски имиња ги избираат своите идеaлни 11 играчи кои ја одбележале фудбалската историја, но за разлика од обично, овојпат реномираниот италијански весник „Газета дело Спорт“ се обиде да направи уникатен избор кој го привлече вниманието на комплетната спортска јавност.
Угледниот медиум од Апенините се реши да го состави тимот од најбрутални и најбезобразни фудбалери во историјата на фудбалската игра, а мора да се напомене дека изборот не е воопшто лош.
Голманското место го зазема легендардниот германски голман Оливер Кан, а најбруталната дефанзивна четворка пред него е составена од Јап Стам, Марко Матераци, Пепе и Паоло Монтеро. Лукавата и безобрана тројка во средниот ред ја сочинуваат Џенаро Гатузо, Рој Кин и Најџел Де Јонг, додека предводници на најагресивната напаѓачка тројка се Ерик Кантона, Луис Суарез и Диего Коста.
„Газета“ не се штедеше и се обиде да ја состави и најбезобраната клупа во историјата на фудбалот, а според италијанските новинари истата ја сочинуваат Џои Бартон, Марк Ван Бомел, Вини Џонс, Патрик Виеира, Паоло Ди Канио и Грем Сунес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)