„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7.860 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од 2 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.157 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 666 милиони денари е зголемена за 8 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех, соопштуваат од компанијата.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.018 милиони денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.070 милиони денари, бележи намалување од околу 1 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 отсто.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2015 година изнесуваат 986.806 илјади денари.
Во периодот јануари – декември 2015 година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци



