| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилковиќ: ДИК треба да отвори јавна дебата, а не да создава проблеми во политичкиот процес

Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека кога некој како претседател на ДИК ќе се крие зад соопштенија од „два реда“, соодветно ќе мора да се реагира.

stoilkovic1

– За сејачите на магла потсетување дека ДИК е одговорна пред Собранието на Република Македонија. Кога некој како Претседател на ДИК со два реда соопштение ќе се обиде да објасни, а во суштина се затскрива зад својата нетранспарентност и неодговорно работење, мора да се реагира на соодветен начин и да се укаже дека таквото однесувањето не е ни од близу на нивото на одговорност на оваа институција во актуелните политички процеси во државата и суштината на процесот за кој истата е одговорна – напиша Стоилковиќ.

stoilkovic

-ДИК треба да ја отвори за јавност нејзината работа, а не со бесмислени оправдувања да остава простор за алиби политика на оние што, ако може во недоглед би ги одложувале изборите – вели тој.

-ДИК треба да отвори дебата за проблемите со кои се соочува, а не да создава проблеми во политичкиот процес и да креира хаос и безредие – додава тој. 

-ДИК е сервис во севкупниот изборен процес, а не некој кој си замислува дека од него зависи одлуката дали ќе има или не избори. На крајот од краиштата, задачата на ДИК е да обезбеди техничка поддршка на изборниот процес и спроведување на изборите согласно со Изборниот законик и таа задача да ја врши во текот на целиот мандат, а не само пред избори – заклучува тој во својот статус на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top