Конгресот на СДСМ ќе се одржи на 2 јуни, јави „24 Вести“. Ова било договорено на вечерашниот извршен одбор на партијата. Отчет за поразот на локалните избори ќе даде сегашниот лидер Бранко Црвeнковски, но нема да му се глaса доверба ниту нему ниту на раководството бидејќи им истекува мандатот.
„24 Вести“, повикувајќи се на партиски извор, објави дека вечерва не се зборувало за можни кандидати за лидер на партијата. „Република“ објави листа на осум можни кандидати, меѓу кои се споменуваат Игор Ивановски, Зоран Јовановски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Кире Наумов…
Поранешниот разузнавач Кире Наумов во интервју за „Република“ и официјално кажа дека има амбиции за тронот на Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


