Актерката Шарлиз Терон уште еднаш покажа зошто се наоѓа на самиот врв на сите топ листи за најубави жени на светот.

Убавата русокоса на забавата по повод 66-то издание на Филмскиот фестивал во Берлин ги засени речиси двојно помладите колешки, кои се појавија на црвениот тепих.

Шарлиз блескаше во едноставен, но сексепилен долг фустан, истакнувајќи го нејзиното негувано деколте.

Иако оваа година полни 41 година, таа изгледа совршено. Освен што ја краси нејзиниот физички изглед, убавата глумица има и харизма и е премногу духовита.

Последната нејзина љубовна врска, која таа ја откри, беше со Шон Пен, со кого се забавуваше околу една и пол година, во текот на 2014 и 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


