| четврток, 6 декември 2018 |

Со „мока“ до лидер во класата

Германскиот производител на автомобили со седиште во Руселсхајм ги откри конечниот изглед и некои технички карактеристики и детали на својот нов модел, редизајнираната „мока икс“, која на светската јавност премиерно ќе ѝ биде презентирана на Саемот за автомобили во Женева од 3 до 13 март

Целта на „Опел“ е со новата „мока“ да ја придобие наклонетоста на купувачите и на љубителите на автомобили во категоријата на кросовери од ниската класа.

Надворешноста е препознатлива по новата маска на ладилникот која е дизајнирана во облик на крилја, а со можноста како дополнителна опрема да се добијат ЛЕД-предни и задни светилки, моделот „мока“ визуелно предничи во класата во која природно припаѓа. Инженерите од „Опел“ предвидоа и две нови бои, килибарна портокалова и силна црвена, а конечниот изглед е дополнет со новите дневни ЛЕД-светилки, исто така во облик на двојни крилја.

opel-Mokka-X-006

Измените во внатрешноста вклучуваат контролна конзола во кокпитот, која е преземена од последната генерација на успешната „астра“, а на купувачите ќе им биде ставен на располагање и нов мултимедијален систем, кој се управува преку седум или осуминчен екран. Вкупната ергономија на кокпитот дополнително е подобрена со отстранување на неколку контролни копчиња, а извршување на функцијата е префрлена преку споменатиот екран.

„Опел“ за моделот „мока икс“ го подготви моторот на „астра“ со зафатнина од 1,4 литри, кој е бензински мотор со турбина и кој развива 152 коњски сили. Целата сила на моторот ќе се дистрибуира преку шестстепен автоматски менувач. Покрај турбобензинскиот мотор, во палетата влегува и исклучително тивкиот и приспособен дизелски агрегат со зафатнина од 1,6-литри, кој се нуди во две варијанти – со 110 и 136 коњски сили.

opel-Mokka-X-003

Еден од новитетите во новата „мока“ е системот „опел ај“ со предна камера со висока резолуција и со посилен процесор, а секако, во сериската опрема се вклучени и системите за помош на возачот.

По официјалната презентација на Саемот во Женева, продажбата на „мока икс“ се очекува да започне наесен. Основната верзија ќе чини околу 20.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top