Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 19 февруари 2016 година, ќе читате:
Од бомбаш-самоубиец капетан не бива
Го измислија „Титаник“ и потонаа
Минатиот петок Македонија се разбуди со неверување. Не можеше да се свести дека Катица Јанева со сиот ум на својот прв случај му го даде името „Титаник“. Ни помалку ни повеќе – директно прејудицирајќи тонење на актуелната власт. И додека сите нормални се чудеа на невкусот и на безобразието, ликуваа и славеа само на „Павел Шатев“, но и тие експресно ги изгасија скарите и се вратија на пиењето. За да ја „удават“ тагата, нели. За жал, на СЈО и на СДСМ, сѐ што направија со овој непромислен акт е создавањето на новата поговорка: „Кој на друг Титаник му готви, сам во него тоне…“ И така би. СЈО се закопа, СДСМ се дозакопа со сопственото тонење. За уште поголема жал на Катица Јанева, која бесрамно и со политичка цел ја употреби најголемата бродска несреќа во која во далечната 1912 загинаа 1.514 луѓе, нејзиниот „Титаник“ има сличности и неколку паралели со вистинскиот. Интересно, но се совпаѓаат повеќе причини за тонењето на двата „Титаника“.
Од медиумски спектакл до морален дебакл
Вирусот Заев смртоносен за опозицијата
Првата акција на обвинителството под име „Титаник“ покажа три клучни работи: опозицијата нема намера да го демократизира општеството туку да го окупира; специјалното обвинителство пропушти голема шанса да ја врати довербата во судството и покажа дека настапува како продолжена рака на Заев и неговите странски ментори; професионалните стандарди кај медиумите што милуваат да се нарекуваат независни никогаш не биле на пониско ниво, а опозициските новинари никогаш не се потпирале повеќе на лаги и на манипулации место на факти и на аргументи. Сето ова, пак, води до еден заклучок- вирусот заев што предизвикува комплетна ерозија на моралните и на етичките човечки вредности сериозно е раширен не само кај неговите најблиски партиски соработници, туку и врз специјалната обвинителка и меѓу неговите медиумски труби.
Двојните стандарди на соросовите медиуми
Слушај ме што барам, не ме гледај што правам
Во општество во кое секој се занимава со себе, се постигна полицајците да се бранат од полицијата, обвинителството од обвинителите, а политиката од политичарите и, секако, новинарството да се брани од новинарите. За ова последново, додека се бара „решение на хартија“, професионалните стандарди остануваат токму таму – само на хартија. Јавноста, пак, си фаќа сеир чекајќи ја следна меѓународна јавна понуда за фелацио
Ќе доживее ли македонското новинарство да не се занимава само со себе? Веројатно, да. Но, дали сите ќе бидат задоволни? Уште поверојатно, одговорот е – не! Додека Македонија се турка во виорот секоја професија да биде оспорувана и ставена во позиција да се докажува дека е професионална, новинарството по налетот на залутани и нереализирани „вируси и бактерии“ повторно се брани само од себе.
Анкета на Брима Галуп
Мнозинството нема доверба во Катица Јанева
Резултатите од анкетата на Брима Галуп покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното.
Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.
Мнозинството граѓани односно 38.9% сметаат дека некоја од политичките партии ќе се обиде да го саботира или избегне постигнатиот договор во Пржино, а на прашањето кој ќе биде тоа, повеќе од половина односно 57.1% сметаат дека договорот ќе биде саботиран од СДСМ, за разлика од дупло помалку односно 25.2% кои сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.
Бизнис во подем
По 10.000 евра за нови градинки
Невработените, но и правни субјекти што сакаат да отворат приватна детска градинка можат да аплицираат за грант од 600 илјади денари на огласот што деновиве го објави Министерството за труд и за социјална политика и Агенцијата за вработување, а ќе трае 20 дена. Плановите се годинава да поддржат отворање на 10 приватни детски градинки, што ќе овозможи отворање нови работни места и нови капацитети за сместување и за згрижување на дечињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст