Бутрос Бутрос Гали, поранешниот генерален секретар на ОН, на 94 години почина денеска изутрина во болница во Каиро.
Веста за неговата смрт ја објави Советот на безбедност на ОН.
Бутрос Бутрос Гали беше прв човек на светската организација од 1992 до 1996 година, како прв Арап и Африканец на оваа должност.
Неговата должност ја одбележа распадот на Југославија, како и кризите во Руанда и Сомалија.
Бутрос Бутрос Гали, роден во Каиро 1922 година, се смета и за архитектот на египатско- израелскиот мировен договор од 1979 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата
-
Трамп твитна по резолуцијата за Израел „По 20 јануари работите ќе се поинакви“
-
Гутереш положи заклетва за Генерален секретар на ООН


