Се расчистува скандалот со кириите на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска. Нејзиниот сопруг, Божидар Jанковски познат како Бобо Дајнерс заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата, јави Сител.
Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009та до 31 12 2013та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.
За тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно.
Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.
Во 2010та година исплаќана е кирија за стан на улица Хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра.
Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица Хаванска по цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра месечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.
Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски.
Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија.
Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра.
Сител дознава дека од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека прво пријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат, а впрочем на овие адреси и живееле.
Од увидот во секторот за финансиски прашања на град Скопје, утврдено било дека пријавениот го плаќал годишниот данок на имот по повластена стапка од 0.05 проценти својствена за стaнбени простории кои се користат како место за живеење од страна на сопствениците.
Во текот на истрагата според неофицијални информации , осомничениот тврдел дека станбениот простор кој го закупувал во име на Дајнерс бил користен и од странски државјанин . Но при проверките во евиденциите за странски државјани утврдено е дека лицето споменато од осомничениот воопшто нема пријавено привремен престој односно утврдено било дека Божидар Јанковски дал лажен исказ.
Пријавата од полицијата е доставена до јавното обвинителство. Се уште не е познато дали обвинителите ќе побараат притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името