| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиштијанец му се заканувал на полицаец и на неговото семејство

Вчера во 17.00 часот во Пробиштип, при извршување редовна служба, полициски службеник запрел возило „ровер-600“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (31) од Пробиштип.

Откако забележал дека возилото не е регистрирано се упатил кон службеното возило да напише прекршочен платен налог. Д.С. му понудил на службеното лице да го почести нешто за да не му пишува пријава, но го одбил и го предупредил дека може да биде приведен.

Додека полицискиот службеник ја пишувал пријавата Д.С. влегол во возилото и  го напуштил местото.

Околу 19,20 часот кога полицискиот службеник го паркирал  службеното возило на друго место пристигнал Д.С. со неговото возило и се паркирал пред службеното возило. Излегол од возилото и побарал да му бидат вратени документите. Д.С. почнал да му се заканува на службеникот и на неговото семејство, по што  се качил во возилото и си заминал.

По преземени мерки Д.С. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top