| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Ѓорѓиоски на регионален состанок во Белград, балканот со подршка за Џани Инфантино за прв човек на ФИФА

pretsedateli

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска присуствуваше на регионалниот состанок на челниците на фудбалските сојузи од Балканот, на кој како главен заклучок, првите фудбалски лица од регионот испратија едногласна и единствена поддршка за Џани Инфантино и неговата кандидатура за претседател на ФИФА на Конгресот кој ќе се одржи на 26. февруари.

Соопштението по состанокот во Белград ви го пренесуваме во целост:

На денешниот состанок присуствуваа високи делегации на следните фудбалски федерации – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија и Србија, а за прв пат присутни беа и претставници на Русија и Турција. Исто така, активно учевство на состанокот имаа и највисоките претставници на УЕФА, предводени од првиот потпретседател на УЕФА Анхел Мариј Вилјар, генералниот секретар Џани Инфантино и заменик генералниот секретар Теодор Теодоридис. Исто така, присутни беа и директорот на одделението за натпреваување при УЕФА Џорџо Маркети, шефот на оддлението за интегритет на натпреварувањата при УЕФА Урс Клусер и менаџерот на одделението за маркетинг при УЕФА Ноел Муни.

Присутните ги анализираа сите важни прашања кои претходат на одржувањето на двата важни конгерси – Вонредниот конгрес на УЕФА (Цирих, 25 Фебруари) и Вонредниот конгрес на ФИФА (Цирих, 26 Февруари). Познато е дека на собранието на Вонредниот конгрес на ФИФА ќе биде избран нов претседател на светската фудбалска федерација, а на денешниот состанок испратена е едногласна и единствена поддршка од страна на присутните претседатели на националните федерации за Џани Инфантино и неговата кандидатура за претседател на ФИФА. Со сигурност може да се каже дека се работи за најдбриот кандидат за местото лидер на светското фудбалско семејство.

sostanok belgrad

На овој состанок се зборуваше и за актуелната ситуација во УЕФА и подготовките за наредниот значаен состанок на оваа организација. Наредното редовно собрание на Конгресот на УЕФА, 40 по ред, ќе се одржи на 3 мај во Будимпешта.

За време на состанокот беа одржани и три презентации од страна на претставниците на УЕФА, на тема воведување на евентуални новитети во натпреварувањето на малдинските категории, дополнителни заштити на интегритетот на натпреварувањето и маркетингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top