| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА го суспендира Жером Валке

zerom valkeДолгогодишниот секретар на ФИФА, Жером Валке кој беше и десна рака на поранешниот претседател Сеп Блатер, доби суспензија од 12 години според денешното соопштение.

Етичкиот комитет на ФИФА наведе дека Валке направил голем број на прекршоци, дека го користел службениот авион за приватни работи, ги уништил доказите со кој на нелегален начин ги продавал телевизиските права за Светските првенства во2018 и 2022 година.

Валке прекршил вкупно 7 ставки од Етичкиот кодекс на ФИФА и доби четири години подолга казна од Блатер и Платини. Но оваа суспрензија не е крај за него затоа што ќе се испитува дали учествувал во корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top