Иако сме на почетокот на новата година и веќе следната недела сигурно ќе се појави некој нов тренд, сепак за 2016 година ги одбравме овие десет главни трендови.
Сандали-влечки од кожа од питон и свилена јакна се најистакнатите парчиња за 2016 година во кои вреди да се инвестира.
Панталони до под колена
Кога велиме панталони до под колена не мислиме на панталони гаучо, кои беа актуелни пред повеќе од 10 години. Станува збор за софистицирани панталони што ги имаше на сите модни ревии, а сега се многу актуелни. Овие панталони може да ги носите во дневна или вечерна варијанта, а најдобро се комбинираат со високи потпетици, асиметричен елек или со салонки со шпиц.
Голи рамена
Овој модел на блузи ги освои светските писти. Блузите и фустаните со откриени, голи рамена ќе се задржат подолго време. Најдобро е да инвестирате во еден добар модел, во неутрална боја или некој модел со впечатлив дезен, за да може да го носите секојдневно. Со овој модел прилега впечатлив ѓердан, ефективни и големи алки, кои на целиот изглед ќе му дадат доза на елеганција.
Комплет во една боја
Заборавете сѐ што сте читале и чуле за носење на една боја и препуштете му се на новиот тренд. Од палта и комбинизони, до панталони и елеци во една иста боја, сето тоа пак се носи. Парчињата облека во иста боја е најдобро да ги комбинирате со балетанки од змиска кожа или мантил и потпетици во боја на кожа, кои визуелно ќе ја издолжат вашата нога и ќе ви дадат самодоверба што ви е потребна во текот на денот.
Свилена јакна
Свилените јакни никогаш не биле толку добро дизајнирани како оваа сезона, кога доаѓаат во необични бои и во свилен материјал. Без разлика дали станува збор за поголеми броеви или за јакни што се необично извезени, тие се комбинираат со фармерки, чизми и мала чанта. Исто така, впечатлив изглед се постигнува и ако оваа јакна се комбинира со секс-фустан или со патики.
Долг елек
Мантилот како класичен модел мора да го имате во вашиот орман, но оваа година трендот вели дека елекот што потсетува на мантил е актуелен. Ова парче гардероба е совршена опција за облекување во слоеви. Најдобро се комбинира со патики, лежерна туника и очила за сонце.
Сандали-влечки
Ова не се сандалите на вашата баба. Овие сандали оваа сезона ќе ги има во повеќе варијанти, рамни или на високи потпетици. Најдобро се комбинираат со искинати фармерки, кожена јакна или очила за сонце. Исто така, здолниште во А-крој и палто со необичен дезен одлично ќе изгледаат со овие сандали-влечки.
Впечатливи линии
Не плашете се да носите облека во линии што „бодат очи“, без разлика дали станува збор за силна боја или некој специфичен модел, важно е секогаш да се фокусирате на основите парчиња, кои ќе ви помогнат во стилизирање на целиот изглед.
Комбинезон-фустан
Овие фустани ги има насекаде, од колекциите на Келвин Клајн до светските ѕвезди како Ријана или Џенифер Лоренс. На прв поглед овој фустан потсетува на неглиже и може да изгледа премногу сексапилно, посебно ако станува збор за тесен модел. Секогаш може да се определите за А-крој, кој е многу популарен. Најдобро се комбинира со големи џемпери и сандали. Целиот изглед може да го заокружите со кожена јакна.
Чанта
Оваа година чантите ќе бидат во фокус, без разлика дали се големи или мали, писмо-чанта.
Тесно здолниште
Долго здолниште беше во тренд неколку сезони, а сега е време да се покаже малку кожа. Оваа сезона се носи тесно здолниште со патенти, копчиња и со кожа. Се комбинира со асиметричен елек и со блуза со необичен крој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.