Во сабота, 13 февруари, штипјани ќе имаат можност да уживаат во прекрасната музика на „Љубојна“ во домот на култура „Ацо Шопов“.
Концерот во Штип е почеток на концертната турнеа на „Љубојна“. По издавањето на осмиот студиски албум „Шербет Љубојна“ и успешниот концерт во арената „Борис Трајковски“ 2015 година за групата „Љубојна“ е една од најуспешните години.
Билетите за концертот се во претпродажба по промотивна цена од 300 денари, на врата 350 денари, а можете да ги набавите во домот на култура НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, „Пијано бар“ – Штип, Народен театар – Штип и во домот на култура „Бели мугри“ – Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.