| четврток, 6 декември 2018 |

Недела резервирана за смеење и за добро расположение

Почнувајќи од четврток, љубителите на комедиите ќе можат да го погледнат петтото продолжение на „Страшен филм“ во киното „Синеплекс“. Филмска пародија со нови комични ситуации инспирирани од познатите хорор-филмови. Среќната брачна двојка Ден и Џоди почнуваат да чувствуваат бизарни активности од моментот кога ќе го донесат својот син Ејден од болница. Но, тогаш хаосот се продлабочува и во работата на Џоди, балерина, и во кариерата на Ден, истражувач на мајмуни. Тие сфаќаат дека се прогонувани од злобен демон. Заедно, со помошта на сертифицирани експерти мора да најдат начин како да се ослободат од него пред да биде многу доцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top