| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удри во бетонски столб, двегодишно дете тешко повредено

policijaaa-640x427
Дете на двегодишна возраст завчера е тешко повредено во сообраќајката на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец Велес-Штип – објави Вест.

Несреќата, според полицијата се случила околу 12 часот и 30 минути кога автомобил “тојота јарис” со скопски таблички, од засега непознати причини излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возилото го управувал седумдесет и двегодишниот Ч.Ц. од Скопје кој е полесно повреден. Со тешки повреди од ударот се здобило двегодишното дете кое било веднаш префрлено во Клиничкиот центар во Штип. Но, поради сериозноста на повредите лекарите го препратиле во Ургентниот центар во Скопје каде е задржано на лекување. Полицијата извршила увид на местото на несреќата и ги утврдува причините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top