Сообраќајот на граничниот премини Меџитлија/Ники денеска ќе биде во прекин неколку часа поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.
Ова е втора блокада на прекуграничниот сообраќај што ја прават грчките земјоделци во изминатите неколку дена. На 26 јануари тие со трактори и друга земјоделска механизација, покрај Маџитлија/Ники, целосно го блокираа и граничниот премин Богородица/Евзони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


