Пожар избувнал денеска во 12:30 часот по австралиско време во црквата „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн, Австралија. Причинета е материјална штета, а повредени нема. Единствено свештеникот Никодим Солунчев, кој во моментот на пожарот бил на првиот кат, барајќи спас од огнената стихија, скокнал од 3,5 метри во рацете на неколку полицајци кои му помогнале да остане неповреден.
Македонскиот портал во Австралија „Falanga.com.au“ и австралискиот весник „The age“ пишуваат дека полициска патрола прва го забележала пожарот и повикала помош.
Се претпоставува дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација.
Пожарот е изгаснат и според проценките причинета е материјална штета од над 100 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


