Турската полиција уапси 10 луѓе осомничени дека ги снабдувале со оружје исламистичките бунтовници во Сирија. Осомничените се приведени на околу 250 километри јужно од Анкара. Акција уследила по дојава дека радикална исламистичка група регрутира млади луѓе кои сакаат да се придружат кон сириските бунтовници.
Турција е меѓу најголемите критичари на режимот на Асад и е засолниште и логистичка поддршка на бунтовниците, но одбива да ги вооружува. Истовремено Анкара не сака радикалните исламистички групи кои им се придружија на бунтовниците да дејствуваат на турска територија или да регрутираат турски државјани.
Во Турција има околу 400.000 сириски бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


