Македонските евроинтеграции, реформскиот процес, пролетниот извештај на ЕК и очекувањата од претстојниот Самит на ЕУ биле теми наза време на приемот на Кетрин Ештон, Европскиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ кај претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.
Според соопштението од претседателскиот кабинет се вели, дека Иванов го изразил задоволство од оценките од извештајот на ЕК потенцирајќи оти главен приоритет останува почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Во тој контекст претседателот оценил дека континуирано испорачувајќи резултати, Република Македонија заслужува да добие позитивна одлука на јунскиот Совет.
– И покрај политичките предизвици со кои се соочивме, постигнавме добри резултати во сите области на кои се однесува пролетниот извештај, континуирано сме посветени на реформските процеси во клучните области, на промоцијата на добрососедските односи со сите наши соседи, и конструктивно учествуваме во напорите за надминување на отворените билатерални прашања, истакна претседателот Иванов потсетувајќи дека заклучоците на Советот од минатиот декември го трасираа патот за можна одлука за почеток на преговори со Република Македонија во јуни оваа година. Тоа ќе биде дополнителен стимул за земјата уште повеќе да се фокусира на исполнување на европската агенда, а со тоа ќе се врати довербата на граѓаните во институциите на ЕУ и нејзиниот кредибилитет, посочи претседателот Иванов.
Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија високо го цени ангажманот на високиот претставник на ЕУ Ештон и на ЕК за продолжување на процесот на проширување на Унијата со земјите од Балканот, посочувајќи дека интеграцискиот процес е клучен за надминување на предизвиците и недоразбирањата во регионот.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувањата во соседството и регионот, како и за придонесот на Република Македонија во унапредување на добрососедските односи и на регионалната соработка, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.
Претходно Ештон се сретна со премиерот Груевски, а на агендата се средби и со лидерите на ДУИ и на СДСМ Ахмети и Црвенковски. Ештон е на куса балканска турнеја во насока на интегративните процеси на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


