Читањето за историските настани ни помага да се запознаеме со минатото. Запознавање на делови од историјата низ фотографии или филм предизвикува емоции од различен степен.
Можете да прочитате за стравотиите на војната, но и да доживеете една целосно друга приказна. Можете да читате за тоа колку Пикасо бил познат, но да го погледнете неговото лице е сосема нешто друго.
Фотографиите се клучни делови кои не поврзуваат со минатото во овој со иднина опседнат свет. Не потсетуваат на тоа дека нашето време е далеку попривилегирано за живот, многу повеќе од што мислиме, а и дека нашите родители и бабите и дедовците биле далеку посилни и поинтересни од што можеме да замислиме.
1890 -1920 Две жени разменуваат „хонги“, традиционален поздрав на Маорите на Нов Зеланд
4 февруари 1912 година Франц Рајхелт носи падобран од сопствен дизајн непосредно пред скокот од Ајфеловата кула кога загинал
1912 годна, момче од Англија започнува фонд со кој ќе се собира помош за несреќните судбини на Титаник
1919 година, продажба на сендвичи на Форд Модел Т, како поранешна верзија на „камиони за храна“
Декември 1920 година луѓето позираат за „селфи“ на катедралата „Св.Патрик“
2 декември 1931 година, антихитлеровска демонстрација во Берлин, која ја организирале републиканците на Рајхсбанер, групата што се противеше на внатрешни поткопувања и екстремизмот во корист на парламентарна демократија
Самураји, млади и стари, маршираат на церемонија во Јапонија меѓу двете светски војни
Последната фотографија на Никола Тесла
1945 години бурми собрани од Втората светска војна од концентрациони логори
9 април 1945 година мало момче од Полска ужива во првото јадење откако американските сили го ослободиле концентрациониот логор. Во овој камп биле затвореници кои произведувале воена опрема за БМВ.
1948 година работник во стоковна куќа чисти по божиќната распродажба
2 јуни 1953 година, Кралицата Елизабета Втора се насмевнува за својот кралски портрет. Портрет со сериозен израз е избран како официјален
Актерката Брижид Бардо го запознава сликарот Пабло Пикасо во неговата куќа во Валора. Бардо била во градот за да присуствува на филмскиот фестивал во Кан.
1957 година црна брачна двојка открива графите пред нивната куќа. Тие се преселиле во Чикаго каде што сите луѓе биле бели
1961 година, прототип на вселенски костим дизајниран на Универзитетот во Калифорнија
19 септември 1961 година, осумгодишниот Били Стенли беше единствениот бел ученик во третото одделение во училиште во Њујорк
Хуин Тан Мај, новинар – фотограф во Виетнам. Загинал еден месец подоцна, на 10 октомври 1965 година Неговиот помлад брат Ник Ут беше познат по легендарната фотографија на децата што бегаат од бомбардирање за време на војната
1968 година, Норвел Робертс, Норвел Гумбс во тоа време,, го насочува сообраќајот како прв црн полицаец во Велика Британија
10 септември 1970 година, Елвис и Присила Присли излегуваат од суд по нивниот развод
27 мај 1976 година, Мао Ѕе Тунг се состанува со пакистанскиот премиер Зулфикар Али Бут за време на неговиот последен јавен настап
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Студентите на ФИНКИ изработија нова едукациска алатка за учење историја
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ